Сензационално: Бразил на СП 2026 ќе игра во црвени дресови?!

85

Раководството на Фудбалската конфедерација на Бразил како да не може без проблеми. Нивната селекција игра слабо, Карло Анчелоти и тоа како ги зафркна, а во последните неколку дена топ – тема во најфудбалската земја во светот е тоа дека постои можност селекцијата на оваа земја на претстојното СП 2026 да игра во црвени дресови, поточно резервниот дрес место син да биде црвен.

И кога Бразлците се во прашање, а посебно за фудбалот, тогаш ете ти “револуција“. Страстите зовреа откако на интернет се појавија и тие црвени дресови. Тука и политиката се вмеша, а од раководството на Конфедерацијата велат дека тие дресови не се официјални и допрва Најки, која го “облекува“ тимот на Бразил ќе ги дизајнира дресовите за Мундијалот.

Сепак искрата пламна во фудбалски Бразил. Тие што се против велат дека тоа ќе биде злосторство против фудбалот и зошто црвена ако се знае дека нациналните бои на таа земја се зелена, жолта, сина и бела.

ПретходноЕртан Демири: Искрено не можам да разберам зошто Гостивар го напушти теренот!
СледноМакедонскиот репрезентативец ја запроси својата Драгана! (ФОТО)