Кошаркарите на шампионот МЗТ Скопје А. не се намачи премногу за да го потврди своето место во полуфиналето на домашниот плеј-оф. И во третата меѓусебна пресметка со екипата на Феникс 2010, „штрковите“ дојдоа до убедлива победа со која го потврдија местото во следната рунда.
Избраниците на тренерот Атанасов не им оставија премногу шанси на противниците ниту на денешниот меч. Уште во првите 20 минути МЗТ Скопје А. направи огромна предност од +20 поени (28:48), по што беше сосема јасна и комплетната разврска на дуелот.
Копривица со 16 и Крстевски со 14 поени беа најефикасни кај шампионот, додека кај Феникс 2010 најдобар реализатор беше Шепард со 17 поени.