Антиќ оди во историјата, кошарката добива нов претседател после пресврт

1274

Денеска и официјално ќе бидат спроведени промените во раководството на КФСМ. Акуелниот претседател, Перо Антиќ заминува во историјата. После шест години на чело на кошарката тој ќе биде сменет од страна на Иницијативниот одбор.

Вонредното Изборно Сорание е закажано за денеска со почеток во 16 часот во конгресната салата во „Борис Трајковски“.

На чело треба да застане Томица Главчев, иако претходно речиси беше сигурно дека претседател ќе биде Младен Ѓуроски, тој најверојатно ќе биде директор.

Главчев е успешен бизнисмен, ја создаде Блокотехна, клуб кој не постои, а во 2019 година триумфира во Балканската ига (БИБЛ). Тој беше дел од УО на актуелното раководство на КФСМ, помагател на МЗТ Скопје во АБА-лига, како и дел од спонзорскиот тим на Партизан во минатото.

Се најавуваат бројни имиња во раководството на КФСМ, но со оглед на тоа дека имаше промени во последен час, останува да видиме, како ќе биде новиот лик на федерацијата.

ПретходноТрипл-дабл на Јокиќ, Индијана и Бостон завршија работа (ВИДЕО)
СледноПСЖ вчера славеше, но веќе утрото донесе загрижувачки вести за Луис Енрике