ЛШ: Спектакл во полуфиналето – шест гола, реми и одлука на „Џузепе Меаца“ (ВИДЕО)

282

Барселона и Интер вечерва ни понудија меч за паметење во второто полуфинале од лигата на шампионите. На стадионот во Каталонија, двата тима одиграа спектакуларен натпревар кој заврши со резултат 3:3, а кој ќе се пласира во финалето ќе дознаеме по реваншот, кој ќе се игра на „Џузепе Меаца“ во Милано идниот вторник.

Интер го отвори натпреварот фантастично и постигна гол по само 29 секунди. Дамфрис нафрли, а Турам постигна гол со „пета“ за 0:1. Во 21-та минута, по корнер, Ачерби совршено ја спушта топката за Дамфрис, кој одлично се снајде во шеснаесетникот и погоди за 0:2.

Барселона изгледаше како да е во нокаут, но се вратија на најдобар можен начин. Ламине Јамал во 24-тата минута по одличен соло пробив намали на 1:2, а три минути подоцна, можеше да постигне гол за 2:2, но пречката ги спаси гостите. Но за Италијанците немаше спас во 38-та минута кога Барселона го израмни резултатот на 2:2 со голот на Феран Торес.

Почетокот на второто полувреме повторно му припадна на Интер. Во 50-тата минута гостите имаа одлична шанса преку Димарко, а гостите повторно ги шокираа Каталонците во 64-тата минута кога Чалханоглу центаршутираше од корнер, а Дамфрис повторно ја затресе мрежата со брилијантен удар со глава за 2:3.

Сепак, славењето на гостинските навивачи траеше само една минута, бидејќи веќе во следниот напад, Барселона го израмни резултатот на 3:3. Олмо му додаде на Рафиња, кој шутираше од 20 метри и ја погоди пречката, а топката се одби од несреќниот Зомер и заврши во мрежата.

Десет минути подоцна, Интер успеа да постигне и четврти гол преку Мхитарјан, но тој беше поништен по проверка на ВАР поради милиметарски офсајд.

ПретходноФухсе Берлин и Нант се пласираа на Ф4 турнирот во Келн
СледноЛука Дончиќ ја имаше една од најтешките ноќи во својата кариера (ВИДЕО)