Матеј Гаштаров потпиша професионален договор со Црвена Звезда

2114

Македонскиот репрезентативец до 19. години, Матеј Гаштаров го потпиша првиот професионален договор со неговиот клуб Црвена Звезда.

Играчот кој има огромна перспектива и кој е еден од најголемите таленти на македонскиот фудбал, ја води својата кариера на едно сосема друго ниво со потпишаната верност со некогашниот европски и светски кубски првак.

Гаштаров е дете на Вардар, а во Белград замина во сезоната 2023/24 година и најпрво беше регистриран во филијалата на Звезда, Минералац. Сепак, тој најголемиот дел од мечевите ги одигра за младинскиот погон на „црвено – белите“ каде што имаше и тоа како добра минутажа како на домашна, така и на меѓународна сцена.

Плејадата на македонски фудбалери во Црвена Звезда во моментов брои неколкумина, а Гаштаров е првиот кој што добива професионален договор.

 

ПретходноВо петок почнува продажбата: Македонија – Литванија за 200 и 300 денари
СледноШтипјани се мобилизираат за одлучувачкиот меч: Веруваме во нашите квалитети, одиме на победа!