Новото чудо од Аргентина со порака до менаџерите: Само еден клуб ме интересира!

692

Иако има само 17 години, во својата земја па и во светот на фудбалот веќе е голема ѕвезда. Станува збор за Франко Мастантуоно, членот на Ривер Плата. Посебно откако пред неколку дена постигна фантастичен гол против Бока Јуниорс од слободен удар.

Пред неколку месеци од Шпанија дојде веста дека Барселона сака по секоја цена да го доведе “новиот Меси“, во меѓувреме и сите останати фудбалски гиганти пројавуваат интерес, а од Ривер велат дека би можел набргу да биде продаден за најмалку 30 милиони евра.

Сепак и младиот Франко има што да каже на оваа тема. Неговиот одговор е дека само еден клуб го интересира:

Да го сочекаме Реал Мадрид. Нив ги чекам, само Реал ме интересира. Нема потреба од брзање“ посочи Мастантуоно.

ПретходноЕвролига: Барса се врати во живот, ПАО со „брејк“ во Истанбул
СледноФухсе Берлин и Нант се пласираа на Ф4 турнирот во Келн