Средба на претседателот на ФФМ со клубовите финалисти во Купот на Македонија

378

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, во текот на вчерашниот ден оствари средба со раководствата на ФК Вардар и ФК Струга Трим Лум, клубовите кои ќе се соочат во финалето од Купот на Македонија.

Финалниот натпревар е закажан за 21. мај на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Целта на средбата беше координација околу подготовките и организацијата на настанот, кој треба да биде вистински празник на фудбалот.

Во духот на фер-плејот и меѓусебното почитување беше истакната заедничката заложба – финалето да помине во најдобар ред и да победи подобриот тим.

На состанокот присуствуваа и претставници на Судискиот одбор, со цел унапредување на транспарентноста и довербата во судиските одлуки. Како дел од заложбите во таа насока, на финалниот натпревар ќе биде во функција ВАР технологија за носење судиски одлуки во спорни ситуации. 

Овој чекор и имплементирањето на ВАР технологија на финалето од Купот на Македонија е резултат на иницијативата на претседателот Омерагиќ и соработката со фудбалските федерации од регионот, со цел унапредување на судиските стандарди и зголемување на довербата.

Финалето од Купот на Македонија ќе биде емитувано во живо преку телевизиски пренос. 

Фудбалската федерација на Македонија ќе преземе сè што е потребно натпреварот да биде организиран на највисоко ниво, во интерес на клубовите, навивачите и македонскиот фудбал.

ПретходноИнзаги: Ние сме меѓу најдобрите тимови во Лигата на шампионите
СледноВо петок почнува продажбата: Македонија – Литванија за 200 и 300 денари