Никола Јокиќ и Џамал Мареј имаа незаборавни натпревари и се најзаслужни за водството на Денвер Нагетс во серијата против ЛА Клиперс.
Нагетс победија со 131:115 во петтиот натпревар од првото коло од плејофот и се на прагот да се пласираат во полуфиналето на Западната конференција.
Јокиќ запиша уште еден трипл-дабл, завршувајќи го натпреварот со 13 поени (4/13 од поле), 12 асистенции и 10 скока. Ѕвезда на вечерта, сепак, беше Џамал Мареј, кој експлодираше со 43 поени (17/26 од поле) и осум тројки во 14 обиди.
Нивните игри привлекоа големо внимание, а коментираше и Чендлер Парсонс, поранешен американски кошаркар и член на Далас.
„Ако срушите рекорд што Никола Јокиќ го нема, тогаш правите нешто неверојатно. Дозволете му на Јокиќ да ја помине сезоната, а Мареј да биде чудовиште во плејофот“, рече Парсонс, коментирајќи го фактот дека Мареј во моментов е единствениот играч на Денвер со најмногу натпревари со повеќе од 40 поени во плејофот.