Ибрахим Маза е нов играч на Баер Леверкузен

75

Иако сеуште ниту оваа сезона не е завршена, тимот на Баер Леверкузен одлучи да купи играч кој што ќе биде засилување за следната. Се работи за досегашниот офанзивец на Херта Берлин, Ибрахим Маза кој што доаѓа како перспектива и потенцијална замена за Флоријан Вирц.

Алжирецот при промоцијата рече дека е ова исполнување на неговиот сон.

„ Ова е фантастична можност – сон! Имав најдобри можности да се развивам и подобрувам со Херта во втората лига. Сега сакам да се докажам на големата сцена во врвен европски тим “, рече новото засилување на Леверкузен, кој потпиша верност до летото 2030 година.

Маза има одиграно педесетина мечеви за Херта и имаше запазена улога сезонава.

ПретходноЈамал е генијалец: Ни Меси, ни Роналдо не беа на тоа ниво на негова возраст! А еве што правел Ламине на 12 години! (ВИДЕО)
СледноМодриќ ќе потпише нов договор со Реал, ама само на две недели!