ЛЕ и ЛК полуфинале: Тешка задача за Јунајтед во Баскија! (ФОТО)

70

Вечерва од 21 часот се играат сите први полуфинални мечеви во Лигата на Европа и Лигата на Конференции.

Јасно е дека сите погледи се свртени кон Билбао каде на “Сан Мамеш“ тимот на Атлетик Билбао го дочекува Манчестер Јунајтед. Познато е дека од сите аспекти оваа сезона е катастрофа за гигантот од “Олд Трафорд“, но раните може да се залечат со трофеј во ЛЕ и со тоа со директен пласман во ЛШ.Image

Ако се потсетиме како момците на Рубен Аморим одиграа минатото коло со Лион дома и дојдоа до епски пресврт, тогаш се е можно. Секако дека не смее да се заборави на квалитетот на Билбао. Тоа е тим кој може да дојде до триумф не само на овој двомеч туку и да го освои пехарот.Сепак што и да се случи, патнокот во финалето ќе се решава следната недела на “Олд Трафорд“.

Во истиот термин во ова натпреварување играат и Тотенхем и Бодо/Глимт. Вака на хартија тимот од Лондон е голем фаворит, ама Норвежаните се хитот во Европа оваа сезона и нема да биде сензација ако ја минат и оваа пречка. Ако можеа да го елиминираат Лацио зошто тогаш да не можат и Тотенхем.Image

Во Лигата на Конференции, исто така од 21 часот се среќаваат Бетис – Фиорентина и Ѓургарден – Челзи во првите мечеви во полуфиналето. Според “тежината“ на клубовите тука “сините“ од Лондон се проектирани не само за пласман во финалето туку и за освојување на пехарот во ЛК.

Сепак ова е фудбал.

ПретходноФановите на Ал-Наср удрија по Роналдо: “Оваа измама треба што побргу да се пензионира!“
СледноАморим: Знаеме дека ништо нема да ни ја спаси сезоната, но овој трофеј ќе биде огромен успех