ЛЕ и ЛК полуфинале: Јунајтед на чекор до финале, исто и Тотенхем, Челзи и повеќе од убедлив на гости!

75

Вечерва се одиграа четирите први полуфинални мечеви во Лигата на Европа и во Лигата на Конференции.

Манчестер Јунајтед во ЛЕ успеа со 0:3 да слави на „Сан Мамеш“ на гости кај Билбао. И ако се знае дека реваншот се игра на “Олд Трафорд“ тогаш јасно е дека тимот на Рубен Аморим е на чекор до пласман во големто финале кое се игра исто на “Сан Мамеш“. На баскијците ќе им треба чудо на гости во Манчестер за седум дена.

Каземиро и двапати Бруно Фернандеш, уште во првото полувреме донесоа убедлива победа.

Тотенхем на свој терен со 3:1 славеше против Бодо/Глимт па така по се изгледа ќе гледаме англиско финале во ЛЕ, и ако биде така тогаш дури шест екипи од Премиерлигата ќе има во Лигата на Шампионите.

Во Лигата на Конференции екипата на Челзи како гостин славеше кај Ѓургарден со 1:4 и со тоа речиси веќе е во финалето каде што ќе игра против Бетис или Фиорентина.

На дуелот во Севилја меѓу овие два тима, победи Бетис со 2:1, но сепак реваншот се игра во Италија.

РЕЗУЛТАТИ ЛЕ – ПОЛУФИНАЛЕ (ПРВИ МЕЧЕВИ)

БИЛБАО – МАНЧЕСТЕР Ј. 0:3

(/Каземиро 30., Фернандеш (п) 37. и 45.)

ТОТЕНХЕМ – БОДО/ГЛИМТ 3:1

(Џонсон 1., Медисон 34., Соланке (п) 61./Салтнес 83.)

РЕЗУЛТАТИ ЛК – ПОЛУФИНАЛЕ (ПРВИ МЕЧЕВИ)

БЕТИС – ФИОРЕНТИНА 2:1

(Езалзоули 6., Антони 64./Раниери 73.)

ЃУРГАРДЕН – ЧЕЛЗИ 1:4

(Мулугета 68./Санчо 13., Мадуеке 43., Џексон 59., 65,)

ПретходноБрентфорд победнички на гости кај „шумарите“!
СледноРеал на колена: Олимпијакос славеше среде Мадрид за пласман на Ф4 во Евролигата!