По речиси три часа вистинска тениска битка, Лина Ѓорческа доживеа пораз во осминафиналето на турнирот во Грузија и тоа од Анастасија Тиконова со 1:2 во сетови.
А добро почна за Македонката овој меч, ако се знае дека го доби првиот сет во тајбрејкот со 7:3 во поени.
Сепак немаше сили Лина да го заврши овој меч против Тиконова во нејзина корист. И вториот и третиот сет противничката ги доби со по 6:4 во гемови.
Штета, Лина беше поразена од послабо рангирана тенисерка.