Лопетеги е нов селектор на Катар

60

Некогашниот менаџер на екипите на Вест Хем и Вулверхемптон, Хулен Лопетеги е нов селектор на репрезентацијата на Катар. Тренерот кој кратко во 2018 година го водеше и Реал Мадрид, се одлучи за варијанта да го води националниот тим на оваа ултра богата земја, и тоа во период до 2027 година. Во тој период ќе се одржи Азискиот куп во Саудиска Арабија.

Лопетеги го заменува својот сонародник Луис Гарсија, а неговите први натпревари на чело на тимот ќе бидат против Иран и Узбекистан во јуни во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

Најголемиот успех во кариерата на 58. годишниот тренер е трофејот од Лигата на Европа освоен со Севиља во 2020 година. Тој ја водеше и шпанската репрезентација од 2016 до 2018 година.

 

ПретходноСтадионот на Тотенхем може да ги прими сите жители на градот Бодо и да останат уште 20.000 празни места!
СледноПочина Маноло, најголемиот навивач на репрезентацијата на Шпанија