Почина Маноло, најголемиот навивач на репрезентацијата на Шпанија

175

Маноло „Ел дел Бомбо“, познатиот вавивач на репрезентацијата на Шпанија, кој што доби светска слава следејќи ја „Фуријата“ на најголемите светски турнири во последните децении, почина во болница во градот Виљареал, како последица на респираторни проблеми.

Оваа информација ја пренесоа медиумите во Шпанија, дополнувајќи дека Маноло во моментов имал 76. години.

Последен пат Маноло беше виден во јавноста, на дуелот помеѓу Шпанија и Холандија во март годинава на стадионот Местаља во Валенсија.

ПретходноЛопетеги е нов селектор на Катар
СледноВалтер Мацари ќе биде тренер на Естегал