Во пресрет на вечерашниот прв полуфинален меч од Лигата на Европа, меѓу Тотенхем и Бодо/Глимт, еве еден интересен факт. Имено вечерва првиот меч се игра на новиот, ултрамодерен стадион на Тотенхем во Лондон кој е со капацитет од 62.000 места.
Интересно е тоа што норвешкиот клуб доаѓа од градчето на северот на земјата, Бодо, кое има само 42.000 жители според пописот од 2023 година.
Значи математички стадионот во Лондон може да ги прими вечерва сите жители на Бодо и да останат уште 20.000 празни места.