Ханси Флик зборуваше по нерешениот резултат од 3-3 на неговата Барселона во првиот полуфинален натпревар против Интер.
„Не мислам дека почнавме добро. Примивме два гола, но потоа се вративме во игра. Второто полувреме беше спектакуларно. Останува уште еден натпревар и мора да го добиеме. Ова е финале пред финалето“, рече Флик.
Иако не стигнаа до конечниот успех, самото реми е голем успех за Каталонците, бидејќи во еден момент од натпреварот губеа со 0:2.
„Зборуваме за полуфинале во Лигата на шампионите, за одлични тимови. Тие имаат многу искуство и го докажаа тоа. Играат многу добро во прекини. И го искористија тоа“, додаде Флик.
Конечно, германскиот специјалист заклучи со мислењето дека не е јасно што точно се случува со неговиот играч Жил Кунде.
„Не знам каква е состојбата на Жил Кунде, мора да почекаме до утре“, заклучи Флик.