Јамал е генијалец: Ни Меси, ни Роналдо не беа на тоа ниво на негова возраст! А еве што правел Ламине на 12 години! (ВИДЕО)

566

Фудбалскиот свет е во транс по се она што го виде синоќа на “Монжуик“ на мечот од 1/2 финалето во Лигата на Шампионите. Секоја чест за Дамфрис, на неговите два гола и асистенција, но сепак сите говорат за Ламине Јамал. Сите се фасцинирани од, како што нагласуваат, фудбалскиот ГЕНИЈАЛЕЦ.

Тоа го кажаа сите од Интер, познати тренери, фудбалски легенди, само Тирам се пошегува кога истакна…

Извини Јамал, ама ти си трет на таа листа, пред тебе се Дембеле и Мбапе“.

Јасно е дека сите имаат право на свое мислење, но ајде да ги видиме фактите.

А тие велат дека Јамал на возраст од 17 години и 291 ден, на 13 јули ќе полни 18 години, има одиграно во професионалниот фудбал, за Барса и селекцијата на Шпанија, 100 меча а на нив постигнал 22 гола и имал 33 асистенции.

Знаете ли колкав е билансот на Меси кога имал 17 години и 291 ден? Само 9 меча и еден гол!

А на Кристијано Роналдо?

Само 19 меча, пет гола и четири асистенции!

Ете затоа сите велат дека Јамал е фудбалски ГЕНИЈАЛЕЦ кој веројатно ќе ги надмине и Меси и Кристијано.

Таков мега – талент се раѓа еднаш во векот или еднаш во 50 години.

Наше е да уживаме во бравурите и мајсториите на Ламине Јамал.

Само погледнете што правел Ламине кога имал 12 години.

Без дилеми, ова момче е нешто посебно.

FOTO FC Barselona FB

ПретходноВалтер Мацари ќе биде тренер на Естегал
СледноИбрахим Маза е нов играч на Баер Леверкузен