Ете затоа Челзи под водство на Тод Боли, Американецот кој го купи Челзи од Роман Абрамович пред три години, е таков каков што е сега. Клуб кој важеше за еден од најголемите во светот двоен европски првак од 2012 и 2021 година, клуб кој беше мега – бренд, да спадне на клуб кој не знае каде тера.
Најголем доказ е изјавата на легендарниот Руд Гулит. Холанѓанецот кој со својата земја беше европски првак во 1988 и член на најголемиот тим на Милан во историјата, дел од она фамозно трио – Ван Бастен, Гулит и Рајкард.
Да, Гулит беше играч и на Челзи како и тренер на „сините“.
“Јас доаѓам на стадион и му се претставувам на Тод Боли, газдата на Челзи. А тој ме прашува – Кој си ти? Што бараш на стадион? Искрено тој нема поим ниту од фудбалот, ниту за Челзи. Токму затоа овој клуб го загуби својот препознатлив идентитет“ рече покрај другото Гулит.