И Барселона на Ф4 во Келн!

142

Нема изненадување кога станува збор за Барселона, а малку требаше. Сепак ракометниот гигант успеа да се пласира на Ф4 во Келн откако вечерва на свој терен во реваншот од 1/4 финалето во ракометната Лига на Шампиони одигра 29:30 а ако се знае дека на првиот меч во Унгарија славеше со 27:24, и тоа беше доволно да го елиминира Пик Сегед и да се најде во завршницата во Келн каде веќе се и Нант, Фуксе Берлин и Магдебург. Ова е седмипат во низа или вкупно 13 пат да се пласира на Ф4.

Пик Сегед вечерва пружи силен отпор, имаше водство и од +2, недостигаше само еден гол, но сепак Барса си е Барса, знаеше како да одигра кога беше најпотребно.

ПретходноГаздата на Челзи не го препознал Руд Гулит: “Кој си ти? Што бараш на стадион?“
СледноБрентфорд победнички на гости кај „шумарите“!