Уште во неделата Ливерпул ја освои својата 20-та титула во Премиерлигата. Со таа победа од 5:1 против Тотенхем, составот на Арне Слот со стиј ја официјализираа титулата.
А дека беше лудо, дека владееше еуфорија кај фановите на “Редси“ на „Енфилд“ во неделата попладнето, говори и следниот податок.
Имено голот на Мекалистер за водство на Ливерпул од 2:1 во таа 24.минута, предизвикал потрес на земјата, однос предизвикал земјотрес на „“Енфилд“ од 1.74 степени според Рихтер.
Ова се дознало откако лица од Универзитетот во Ливерпул, на централната трибина на “Енфилд“ поставиле сеизмометар – уред кој се користи за мерења на земјотреси.
Податоците покажале дека реакцијата на навивачите на тој гол генерирале сеизмничка активност споредлива со реални земјотреси.