Реал на колена: Олимпијакос славеше среде Мадрид за пласман на Ф4 во Евролигата!

136

После Фенербахче вечерва го дознавме и вториот патник на Ф4 во Дубаи во Евролигата. Тоа е Олимпијакос кој среде Мадрид, во една драматична завршница, успеа да победи со 84:86 и со тоа ја заврши серијата со 3:1 во победи.

Реал мечот го почна силно и агресивно, успеа да го добие првиот период до 21:16. Во вториот беше израмнето 26:26, а сепак се чини дека гоститте од Пиреја во третата четвртина покажаа сила и влегоа во последниот период од овој натпревар со +3 поени.

А таму имаше од се по нешто, но тимот кој беше лидер по лигашкиот дел знаеше како треба и на крај успеа да победи.

Фурние со 23 поени беше најефикасен кај гостите, додека Хезоња со 21 поени имаше забележителна партија во дресот на “кралевите“.

ПретходноЛЕ и ЛК полуфинале: Јунајтед на чекор до финале, исто и Тотенхем, Челзи и повеќе од убедлив на гости!
СледноТоа е Реал Мадрид: Кога и титулата светски првак нема да биде доволна да останеш на клупата на “кралевите“!