Струга со првомајски излет и скара

950

Во таборот на Струга Трим Лум на вистински начин го прославија денешниот празник. Први Мај, денот на работникот. Со излет и скара. Онака како што доликува. Одлична идеја на раководството на клубот, која што секако дополнително ќе создаде добра атмосфера во тимот пред финишот на шампионатот.

Временските услови се одлични за вакво нешто, на охридското крајбрежје денеска е сончево како што е впрочем во цела Македонија.

Токму затоа Стружани решија на ваков начин по денешниот тренинг да се соберат и да го одбележат денешниот ден.

В недела пак ги очекува големото дерби токму на домашен терен против Шкендија со почеток од 16:00 часот.

ПретходноРис Божиновски е во одлична форма, време е Македонија да реагира (ВИДЕО)
СледноСтадионот на Тотенхем може да ги прими сите жители на градот Бодо и да останат уште 20.000 празни места!