Вечерва на свој терен, во третиот меч од финалната серија за пехарот во одбојкарскиот шампионат, тимот на Штип УГД успеа да ја победи Струмица со максимални 3:0 во сетови и со тоа да намали на 2:1 во победи во финалната серија.
По сетови беше 25:21, 25:23 и 25:15 и од ова се гледа дека домашниот тим беше доминантен во текот на целиот меч, а посебно во третиот сет.
Сега серијата се селиво Струмица каде ќе се игра четвртиот меч. Во случај на победа тогаш струмичани ќе ја одбранат титулата и ќе дојдат до својата 12-та шампионска ѕвездичка. Овој меч се игра во понеделник. Во случај Штип УГД да победи и да израмни на 2:2, тогаш решавачкиот меч ќе го игра на свој терен.