Англија се враќа на „Вила парк“ по цели 20 години

122

Репрезентацијата на Англија повторно се враќа на „Вила парк“ стадионот кој е дом на тимот на Астон Вила. По цели дваесет години националниот тим на Англија повторно ќе игра меч на овој легендарен стадион и тоа оној против Андора кој е закажан за 6 септември во рамките од Европските квалификации.

Овој натпревар ќе биде втор годинава во кој момците на Томас Тухел ќе играат домашен натпревар надвор од „Вембли“, откако „Сити Граунд“ на Нотингем Форест ќе биде домаќин на пријателскиот натпревар против Сенегал на 10 јуни.

Англија е на врвот во групата К за Светското првенство во 2026 година по победите над Албанија и Латвија на „Вембли“. Нивниот следен натпревар е против последнопласираната Андора на 7 јуни во Барселона.

ПретходноЧелзи најави шампионски шпалир за Ливерпул!
СледноВикендов завршница на младинските одбојкарски првенства