Барса и Анадолу Ефес се изборија за „мајсторки“

109

Кошаркарите на Барселона го победија Монако во четвртиот натпревар од плејофот на Евролигата со резултат 79:72, и со тоа се изборија за „мајсторката“ следната недела во Монте Карло.

Како што изгледаше во првите два натпревари, Монако требаше рутински да го потврди своето место во Фајналфорот, но екипата на Жоан Пењароха успеа да направи епски пресврт и со две победи да дојде до петти меч. Вечерва за Барса Џабари Паркер имаше 22 поени, а Дарио Бризуела 17. Мајк Џејмс имаше 16 поени во поразениот тим, а Алфа Дијало имаше 13.

Кошаркарите на Анадолу Ефес, пак, го победија Панатинаикос на својот терен со резултат од 85:82 и со тоа добија петти натпревар што ќе се игра во „ОАКА Арената“ за пласман во Фајнал Фор од Евролигата. Турците успеаја да се вратат од 0-2 до 2-2 во партии и сега „мајсторка“ ќе решава за место на Ф4 во Абу Даби.

Елајџа Брајант постигна 19 поени, Роландс Шмитс 15 кај екипата на Анадолу Ефес, додека Џеди Осман имаше 22, а Хуанчо Ернангомез постигна 15 за Панатинаикос.

ПретходноДе Брујне донесе големи три бода за Сити
СледноАндреј Шошкиќ кариерата ќе ја продолжи во САД! (ФОТО)