Валверде: Екипи како Јунајтед не простуваат грешки

191

Тимот на Атлетик Билбао имаше големи надежи за синоќешниот меч од полуфиналето на Лигата на Европа против Манчестер Јунајтед на домашен терен, но од истиот излезе со огромно разочарување.

Баскискиот клуб, посакуваше поволен резултат со кој би заминал на ревашот во Англија, но наместо тоа по само 45. минути игра имаше негатива од 0:3, и играч помалку. Потоа беше невозможно Билбао да се врати во игра.

„Притисокот си го направи своето и не можевме да поведеме кога доминиравме. Ако загубивме со 0:3, тоа значи дека противникот дејствувал посмирено и дека не ги искористивме нашите шанси. Тимови како Јунајтед не простуваат грешки. Тие се многу силни во последната третина од теренот. Мораме да учиме од овој пораз“, коментираше Ернесто Валверде, тренерот на Билбао по мечот. 

 

ПретходноВерстапен не разговара со медиумите во Мајами – причината е оправдана
СледноАморим: Никој не го очекуваше ова но ништо не е готово