По десет години во Премиер-лигата, Кевин де Брујне може да ја продолжи кариерата во американскиот Чикаго Фајр, објавија повеќе медиуми. 33-годишниот Белгиец има 189 гола во 10 сезони со четирикратниот шампион на Англија, Манчестер Сити. Тој неодамна објави дека ќе го напушти клубот кога ќе му истече договорот на крајот од сезоната.
Чикаго објави дека главна цел на тимот е да го потпише Де Брујне. Ди Си Јунајтед, Њујорк Сити ФК и Мајами исто така беа заинтересирани за фудбалерот.
Капитенот на Белгија претпочита да се пресели во МЛС лигата пред клуб во Саудиска Арабија. Понатаму, тој не ја исклучува можноста за Премиер-лигата или во тим од Европа како следен чекор во неговата кариера.
„Отворен сум за сè, само треба да ја гледам целата слика. Го гледам спортот, семејството, сè заедно, она што има најголема смисла за мене и моето семејство. Како што реков, сè уште чувствувам дека можам да играм на добро ниво, но ќе морам да донесам одлука откако ќе дознаам малку повеќе“, рече Де Брујне.
По 10 натпревари, Чикаго има скор од 3-3-4 и 12 бода, заземајќи го 11-то место во Источната конференција. Тимот стигна до плејофот само еднаш (2017) во последните 12 сезони.