Викендов завршница на младинските одбојкарски првенства

39

Шампионите во машка и женска младинска конкуренција ќе бидат познати викендов, 3 и 4 мај, за кога во салата „Јане Сандански“ во Скопје во организација на Одбојкарската федерација на Македонија ќе се одржи завршниот првенствен турнир за младинци и младинки.

Најдобрите осум екипи, по четири во секоја конкуренција, ќе се борат за шампионскиот пехар. На првиот натпреварувачки ден програмата стартува во 11 часот со првиот полуфинален дуел во женска конкуренција во кој се соочуваат Јанта Волеј КВ и Работнички Скопје. Во вториот полуфинален меч кај дамите играат Газели Волеј и Наковски Волеј, од 13:30 часот. Последен натпревар од 16 часот в сабота е мечот за трето место во машка конкуренција меѓу екипите на Весна Пробиштип и Работнички 71&22.

Во недела, натпреварите стартуваат од 11 часот со дуелот за трето место во женска конкуренција, а потоа од 13:30 часот се игра финалето кај младинките, додека од 16 часот е финалето кај младинците, во кое Струмица 47&72 и Борец ќе играат за титулата.

Вратите во салата „Јане Сандански“ ќе бидат широко отворени за оние кои ќе сакаат викендов да им дадат поддршка на одбојкарските надежи. Медиумскиот партнер на ОФМ, Македонската радиотелевизија, ќе врши директен телевизиски пренос на сите натпревари од завршниот турнир во младинска конкуренција.

Ф4 ТУРНИР МЛАДИНЦИ И МЛАДИНКИ

САБОТА, 03.05.2025

ПОЛУФИНАЛЕ МЛАДИНКИ

Јанта Волеј КВ – Работнички Скопје            11:00ч.

Газели Волеј – Наковски Волеј         13:30ч.

МЕЧ ЗА 3. МЕСТО МЛАДИНЦИ

Весна Пробиштип – Работнички 71&22 16:00ч.

НЕДЕЛА, 04.05.2025

МЕЧ ЗА 3. МЕСТО МЛАДИНКИ         11:00ч.

ФИНАЛЕ МЛАДИНКИ            13:30ч.

ФИНАЛЕ МЛАДИНЦИ

Струмица 47&72 – ГОК Борец 16:00ч.

ПретходноАнглија се враќа на „Вила парк“ по цели 20 години
СледноБутел се врати од минус 5 до победа во Охрид