Грег Попович не е веќе тренер на Сан Антонио!

117

Грег Попович и официјално не е веќе тренер на Сан Антонио. Оваа вест попладнево ја објавијка неколку медиуми, како и познати новинари кои ги знаат приликите во НБА.

Сепак Попович останува во клубот како претседател на Спарси.

Инаку Попович е вистинска икона на оваа франшиза, имено во изминатите 29 години тој беше предводник на тимот како стратег. Познато е дека поради здравствени проблеми тој во изминатиот период беше надвор од тимот.

На Сан Антонио му донесе пет титули во НБА, а тренираше и такви кошаркари како Дејвид Робинсон, Тим Данкан, Тони Паркер, Ману Џинобили.

Пред две години е примен и во „Куќата на славните“.

ПретходноБаерн со мега – понуда: 125 милиони евра за Вирц и 125 милиони евра за Леверкузен!
СледноСамо чудо ја дели Англија од тоа да има шест екипи во ЛШ за следната сезона!