Пелистер на мегдан со Тиквеш, но со мислите во Автокоманда!

228

Денеска продолжуваат мечевите во плеј-оф и плеј-аут лигата. Бранителот на титулата, Пелистер по поразот од Вардар 1961 на домашен терен враќањето на победничките патеки ќе го бара против ГРК Тиквеш, исто пред своите навивачи.

Битолчани се фаворити и сигурно ќе ги освојат бодовите, а потоа ќе се надеваат на триумф на Алкалоид против Вардар 1961, дуел кој се игра утре во Автокоманда. Единствен начин да се вратат на врвот.

Втората средба која е закажан за денеска е меѓу ГРК Охрид и Бутел Скопје. Домаќинот е четврт на табелата, додека пак Бутел Скопје е последен без ниту еден освоен бод во плеј-оф друштвото.

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ ОФ/АУТ – КОЛО 6

02.05.2025 – ПЕТОК
17:30 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ГРК ТИКВЕШ 2014
19:00 часот ГРК ОХРИД – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ
03.05.2025 – САБОТА
18:00 часот РК АЛКАЛОИД – РК ВАРДАР 1961
18:30 часот РК СТРУГА – РК ПРОЛЕТ 62
04.05.2025 – НЕДЕЛА
18:00 часот РК РАДОВИШ – МРК КУМАНОВО
ПретходноВеќе се надѕира името на новиот тим на Де Брујне
СледноОфицијално: Словенецот Јака Малус е нов ракометар на Вардар! (ФОТО)