По три години пауза, Македонија има нов одбојкарски првак во женска конкуренција. Одбојкарките на Јанта волеј успеаја да го победат бранителот на титулата Работнички и во третиот финален меч од плеј-оф серијата, овој пат со 3:1 и по четвртипат во клупската историја да ја освојат шампионската титула.
Последен пат јанта Волеј беше првак на Македонија во сезоната 2020/21, по што следуваше серија од три шампионски пехари за Работнички. Оваа сеозна Јанта Волеј покажа дека има подобар ростер и форма во завршницата на сезоната и заслужено се искачи на тронот.
ТРЕТ НАТПРЕВАР:
ЈАНТА ВОЛЕЈ – РАБОТНИЧКИ 3:1 (14:25, 25:23, 25:19, 25:22) / 3-0
На денешниот трет финален меч, Работнички почна одлично и ја искористи згрченоста кај домашните. Гостинките поведоа со 0:1 освојувајќи го воведниот сет со 14:25, но потоа вториот сет излезе клучен за текот на мечот. Јанта Волеј тесно го доби со 25:23 и израмни на 1:1, по што се одеше полесно. Домашните успеаја да ги освојат и следните два и да дојдат до голема победа вредна титула.
Мери Бошковска реализраше 19 поени, Собол имаше 14 поени, додека Стојковска реализираше 12 поени за шампионска победа на Јанта Волеј.