Раниери: Дури и да се пласираме во ЛШ, нема да останам на клупата на Рома!

114

Клаудио Раниери (73) уште пред неколку месеци објави дека нема намера и во следната сезона да ја води Рома. Тој и самиот е во потрага по нов стратег на римјаните за следната сезона заедно со раководството на клубот.

Со оглед на тоа дека Рома сега има и тоа како добри шанси да се избори за пласман во ЛШ, тој истакна дека нема намера да ја менува одлуката:

Не, реков и порано. Немам намета да останам на клупата на Рома па дури и ако се избориме за пласман во Лигата на Шампионите. Грешка ќе биде и во следната сезона да го предводам тимот на Рома. Јасно е дека јас и натаму ќе бидам во клубот, ќе помогнам што и да треба, но реков веќе, Рома мора да има нов тренер“ посочи славниот Италијанец.

ПретходноБутел се врати од минус 5 до победа во Охрид
СледноПо три години: Јанта Волеј го симна Работнички од тронот