Хари Мегваер како “Харалдињо, Харидињо, Хари Јамал“….! (ФОТО+ВИДЕО)

263

Ма каков Меси или Роналдо, каков Ламине Јамал или Мбапе, фудбалскиот свет од синоќа доби и тоа каква нова мега – ѕвезда. А тоа верувале или не Хари Мегваер.

Да, да. Тоа е оној стопер на Манчестер Јунајтед и репрезентивец на Англија кој до пред неколку месеци беше на столбот на срамот за неговите киксови, фановите на Јунајтед бараа да се продаде, дури и еден претседател на една афричка земја се потсмеваше со него.

Но, уште еднаш но, Хари сега е херој на Манчестер Јунајтед. И не само поради голот на епскиот меч со Лион пред две недели туку и за оној дриблинг вчера на “Сан Мамеш“ на гости кај Билбао, по кој падна и првиот гол.

Ама луѓе што ви е? Јас знам да дриблам! Ова не е ништо ново“ по малку и се прави фраер славниот Хари, онака како вистински Англичанец.

И со право, сега дојде неговата слава.

Сега Хари Мегваер е “Харалдињо, Харидњо, Хари Јамал…“ сега така го нарекуваат и со право.

А кој можеше да поверува?

Image

Image

ПретходноПолуфинале во двојки за Лина во Грузија!
СледноПеп Гвардиола: Во јуни 2027 ако не се пензионирам тогаш ќе земам подолг одмор!