Веќе се е јасно дека во оваа сезона 2024/25 Ливерпул е првак во Премиерлигата. Четата на Арне Слот уште во неделата ја потврдија титулата по победата над Тотенхем од 5:1.
Во пресрет на неделниот меч меѓу Челзи и Ливерпул, стратегот на “сините“ Енцо Мареска, најави дека пред мечот ќе има шампионски шпалр во чест на новиот првак:
“Да, тоа е традиција. Ние мораме да го направиме тоа и ќе го направиме. Тие ја освоија ПЛ и го заслужуваат тоа. Во моментов разликата меѓу нас и нив е голема. Сепак чувствувам дека се движиме во позитивна насока и се надевам дека таа ралика наскоро ќе биде се помала и помала“ рече покрај другото стратегот на Челзи.