Ивица Зубац ја воодушеви НБА со одличното чување на Никола Јокиќ и даде огромен придонес во победата на Лос Анџелес Клиперс на домашен терен над Денвер Нагетс со 111:105 во шестиот натпревар од првото коло на плејофот. Клиперсите на тој начин го израмнија резултатот на 3:3 во серијата од четири победи. Тие избегнаа испаѓање и го добија седмиот, одлучувачки натпревар, кој ќе се игра во Денвер во ноќта од сабота кон недела.
Јокиќ кој постигна 25 поени, 20 од нив во првото полувреме му се поклони на Зубац по натпреварот. Кога еден новинар го праша зошто не шутира повеќе тројки (2/4), српскиот феномен одговори:
„Затоа што Зубац беше многу, многу добар. Ме натера да се сомневам во моите шутеви. Беше одличен, секогаш беше на прагот. Ми го отежнуваше шутирањето, имаше неколку блокади. Беше одличен во одбраната.“
Ivica Zubac rejects Nikola Jokic and Norman Powell throws it down with AUTHORITY 💥pic.twitter.com/qenmPvo1hw
— ClutchPoints (@ClutchPoints) May 2, 2025