До пред некој ден се чинеше дека Флоријан Вирц, најдобриот германски фудбалер е најблиску до Реал Мадрид поради Чаби Алонсо, или до Манчестер Сити, сега се чини дека не е така.
Сега Баерн Минхен и тоа како влегува во игра. Иако Леверкузен не е баш воодушевен од тоа дека Фирц би можел да заврши во Минхен, сепак кога некој ќе ти понуди 125 милиони евра секако дека не можеш да одбиеш. Инаку “баварците“ му нудат и на Вирц 125 милиони евра за пет години или годишно по 25 милиони евра со што би се израмнил во висина платата со Хари Кејн и би земал повеќе од останатите ѕвезди на клубот.
Од друга страна овој пакет што Баерн го понуди за Вирц не е гаранција дека и ќе се оствари овој трансфер. Познато е дека Пеп Гвардиола не прашува за пари, Сити е подготвен да плати само за отштета сума од 150 милиони евра и повеќе од 25 милиони евра годишно за самиот фудбалер.
Во секој случај каде и да оди јасно е дека тој евентуаелен трансфер на Вирц ќе биде најголемиот ова лето во светот на фудбалот, освен ако нешто не се случи во меѓувреме.