Познати полуфиналните двојки во ракометната ЛШ

235

Предмалку во седиштетот на Европската ракометна федерација беше извршена ждрепката по повод претстојниот фајнал фор турнир во машката верзија од Лигата на Шампионите сезонава.

На него ќе се сретнат екипите на Барселона и Магдербург, а во второто полуфинале во битка за пласман во самата завршница ќе се сретнат екипите на Фуксе Берлин и Нант.

Завршниот турнир во Лигата на шампионите ќе се игра на 14 и 15 јуни на веќе проверената дестинација „Ланксес Арена“ во Келн која што со години е домаќин на завршниот турнир во машка конкурецнија.

 

ПретходноДембеле се повреди и е неизвесен за реваншот против Арсенал
СледноДербито помеѓу Шкупи и Вардар ќе го суди Стојанче Трпчевски