Полуфинале во двојки за Лина во Грузија!

35

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа заедно со Екатерине Горгодзе од Грузија изборија полуфинале на ИТФ фјучрсот во Лопота, Грузија што се игра за награден фонд од 40.000 долари. Тие во четвртфиналето ги совладаа Зозија Кардава (Грузија) и Владислава Зверава (Русија) со 2-0 во сетови (63 63).

За пласман во финалето Ѓорќеска и Горгодзе ќе играат против третите носителки Рутуја Бхосале (Индија) и Пејџ Хуриган (Нов Зеланд), кои во денешниот меч остварија триумф над Американките Кајетано – Ли со 2-1 во сетови (67 63 и 10-8 на поени).

ПретходноОчекувано и заслужено: Уста и Потук по две години “аут“ од фудбалот!
СледноХари Мегваер како “Харалдињо, Харидињо, Хари Јамал“….! (ФОТО+ВИДЕО)