Прв Финец тренер во НБА: Иисало ќе го води Мемфис следната сезона

68

Туомас Иисало ќе биде првиот Финец кој ќе биде тренер во НБА лигата. Тој ќе ги предводи Мемфис Гризлис почнувајќи од следната сезона, објави ESPN.

Туомас Иисало ги презеде кормилото на Мемфис за неколку натпревари на 28 март откако раководството го отпушти Тејлор Џенкинс. Претходно тој го водеше тимот до 44 победи во 73 натпревари. Сега, по една сезона како помошник тренер, неколку недели како привремено решение и пораз од 0-4 во првото коло од плејофот против Оклахома Сити Тандер, 42-годишникот ќе ја преземе целосната улога на главен тренер на Гризлис.

Иисало целата своја играчка кариера ја поминал во својата татковина, но како тренер првпат се појави во странство во германскиот тим Крајлсхајм. Потоа го презеде управувањето со Бон и со нив ја освои Лигата на шампионите на ФИБА. Пред да ја напушти земјата, тој беше главен тренер на Париз една сезона. За својата работа таму, ја доби наградата за најдобар тренер во француското првенство, а со Парижани ги освои и Европскиот и Францускиот куп.

ПретходноРангник: Манчестер Ј. пропушти да ги направи основните промени
СледноСлот: Клоп ми честиташе и ми рече дека дури сега знам колку е посебен овој клуб!