Ма каков Меси или Роналдо, каков Ламине Јамал или Мбапе, фудбалскиот свет од синоќа доби и тоа каква нова мега – ѕвезда. А тоа верувале или не Хари Мегваер.
Да, да. Тоа е оној стопер на Манчестер Јунајтед и репрезентивец на Англија кој до пред неколку месеци беше на столбот на срамот за неговите киксови, фановите на Јунајтед бараа да се продаде, дури и еден претседател на една афричка земја се потсмеваше со него.
Но, уште еднаш но, Хари сега е херој на Манчестер Јунајтед. И не само поради голот на епскиот меч со Лион пред две недели туку и за оној дриблинг вчера на “Сан Мамеш“ на гости кај Билбао, по кој падна и првиот гол.
„Ама луѓе што ви е? Јас знам да дриблам! Ова не е ништо ново“ по малку и се прави фраер славниот Хари, онака како вистински Англичанец.
И со право, сега дојде неговата слава.
Сега Хари Мегваер е “Харалдињо, Харидњо, Хари Јамал…“ сега така го нарекуваат и со право.
А кој можеше да поверува?
Harry Maguire, I am stood up applauding. pic.twitter.com/W18RSJRwuN
— han (@unitedhan) May 1, 2025