Аслани за нов триумф на Интер

71

Со голот на Кристјан Аслани од пенал, реализиран уште во деветтата минута од мечот, тимот на Интер успеа да слави на домашен терен против тимот на Верона.

Рано постигнатиот гол на домаќинот му донесе доза на сигурност во играта, и баланс на теренот, што секако не му дозволи на противникот да направи нешто повеќе кога станува збор за резултатот.

Триумфот на Интер му донесе 74. бодови во моментов и нормално втора позиција, три помалку од првопласираниот Наполи кој што денеска минимално го совлада Лече на негов терен. Верона е 15. на табелата со 32. бода.

 

ПретходноВаленсија со гостински триумф кај Лас Палмас
СледноБарса со пресврт го совлада Ваљадолид