Доминацвијата на Вардар пролетва е навистина неверојатна.Од тим кој што имаше статус на полуиспаднат клуб од елитата и кој имаше огромен проблем да сврзе два позитивни резултата, сега „црвено – црниот“ табор има цели 14 мечеви без пораз и статус на тим од средината на теренот.
А како ли само изгледаше оваа полусезона на стартот на истата. Како „црна дупка“ во која што не се знаеше во која насока ќе оди.
Сепак, по денешниот триумф на Чаир против Шкупи, станува јасно. Вардар има серија на победи и позитивни резултати со која што може да се пофалат многу малку екипи во Европа во моментов.
А селфито? Селфито од соблекувалната во Чаир очигледно станува традиција пролетва.