Верстапен ја освои пол-позицијата во Мајами, Антонели трет!

127

Интересни и крајно возбудли квалификации во Мајами за утрешната главна трка на ГН на Мајами.

И веднаш да кажеме дека светскиот првак Макс Верстапен од Ред Бул, кој завчера стана татко, беше најбрз на патеката и успеа да ја освои пол – позицијата и со тоа утре да стартува како прв на главната трка.

Него друштво од првиот ред ќе му прави Ландо Норис од Мекларен, кој во последниот круг од третиот дел од квалификациите направи грешка и со тоа ја загуби шансата да дојде до подобро време од Макс.

Сензацијата Кими Антонели од Мерцедес имаше трето време и уште еднаш го искажа сиот свој раскошен талент.

Следуваат Пјастри, Расел, Саинц, Албон, Леклер…

Трката за ГН на Мајами ќе се вози утре од 22 часот.

ПретходноБарса со пресврт го совлада Ваљадолид
СледноЈокиќ на чекор до трипл-дабл, Денвер ги спакува Клиперси (ВИДЕО)