По цели шест години, тимот на Вардар победи на гостувањето на Чаир кај Шкупи. Во рамките од 30. коло од ПМФЛ шампионатот, денеска „црвено – црните“ победија со 0:2, со головите на Мато и Матиќ.
Одлична изведба на гостинскиот тим на овој меч кој што уште еднаш полусезонава покажа дека има екстра пролетен дел и дека нема тим кој што му е рамен во моментов.