Кошаркарите на Тиквеш ја остварија 13-тата победа и останаа убедливо на врвот на табеата во плеј-аут групата во домашниот кошаркарски шампионат. Денеска на гостувањето кај Вардар, гостите од Кавадарци обезбедија победа од 70:83.
Откако на полувреме заминаа со двоцифрена предност (27:40), гостите с ечини во вториот дел само рутинскиси ја решија задачата. Мечот како најефикасен го заврши Златев со 20 поени, додека кај екипата на Вардар и на овој меч Бајрам беше лидер меѓу стрелците со 13 поени.