Македонскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Трапановски погоди на денешниот натпревар во шкотската Премеирлига за неговиот Данди Јунајтед на гостувањето кај Хиберниан во поразот од 3:1. Откако доби шанса во составот на гостите на стартот на второто полувреме, само 3 минути му беа потребни да ја затресе мрежата на домашните.
Во тоа време Хиберниан веќе имаше водство од 2.0, па голот на Трапановски само ја намали негативата за гостите. Бабунски беше стартер во тимот на Данди Ј., но ја напушти играта на стартот на вториот дел.
За Трапановски ова беше трет сезонски гол во дресот на Данди Ј.