Шпанците пишуваат дека Анчелоти му кажа „ДА“ на Бразил, тој се уште тактизира

140

Карло Анчелоти проговори за гласините околу неговото назначување во бразилската репрезентација.

„Го сакам клубот, играчите и навивачите, имам почит кон нив. Ќе ви кажам за мојата иднина на 25 мај, не порано.“

Денеска весникот „Ас“ објави информација дека Италијанецот ја прифатил понудата на Бразил и се очекува на 12 мај да го потпише селекторскиот договор.

„Размислуваме за сегашноста, за следните натпревари. Мислиме дека сè уште можеме да се бориме и ќе се бориме за титулата во Ла Лига до последната секунда од финалниот натпревар“, дополнил Анчелоти.

ПретходноФормула 1 ќе се вози во Мајами до 2041 година!
СледноАстон Вила минимално против Фулам, но доволно да остане во трка за ЛШ (ВИДЕО)