Алиоски ја освои Лигата на Шампиони на Азија

368
Македонскиот интернационалец и репрезентативец, Езџиан Алиоски ја освои Лигата на Шампионите на Азија со својот тим Ал Ахли. Алиоски го одигра целиот меч и имаше голем удел во триумфот од 2:0 над јапонскиот тим Кавасаки Фронтале. Головите за неговиот тим ги постигнаа Галено и Френк Кеси, а двоен асистент е некогашната звезда на Ливерпул, Фирмино.
За Алиоски и за неговиот тим секако ова е огромен успех, а со оглед на парите кои што се вложуваат во клубот, и оправдана цел што се вели.
Добро е да се знае дека Алиоски е во добра форма во моментов затоа што многу бргу ќе дојдат квалификациските мечеви во јуни. Тогаш играме со Белгија дома, односно Казахстан на гости.
ПретходноКуманово завери полуфинале, Пелистер се препороди и се избори за „мајсторка“
СледноМилано: Сами си ја искомпликувавме работата