Андреј Шошкиќ, големиот талент на Работнички и големата надеж на македонската кошарка, својата кариера ќе ја продолжи во САД. Станува збор за универзитетскиот тим на Стони Брук во НЦАА лигата. Шошкиќ веќе има потпишано договор за соработка а беше и промовиран како што се гледа од социјалните мрежи.
Одличниот плејмејкер на Работнички, кој со своите 20 години израсна во лидер на тимот и преходно имаше понуди за трансфер, сепак остана во клубот од Градски парк, а оваа понуда едноставно не се одбива.
Инаку Шошкиќ е и младински репрезентативец на Македонија со своите одлични настапи сезонава во дресот на својот клуб го сврте вниманието кон себе.
Да кажеме дека досега во НЦАА лигата сезонава настапуваше и Андреј Јакимовски.