ВМФЛ: Арсими во дербито ја пречекува Брегалница, “лавовите“ дома играат со отпишаниот Борец

202

Попладнево од 16 часот се играат сите осум средби од 27.коло во ВМФЛ. Секако дека најинтересно ќе биде во Гостивар каде во дербито на колото Арсими ја дочекува Брегалница. Ова ќе биде дуел за 3.место на табелата, но ако победи тимот од Чегране тогаш легитимно ќе има право да се надева во последните три кола дека може да дојде до првите две места на тавбелата и до директен пласман во елитата. Брегалница денеска не смее да биде поразена ако сака и натаму да ги задржи шнсите за третата позиција која носи како што е познато бараж за влез во ПМФЛ.

Лидерот Македонија ЃП на свој терен игра со Борец и се очекува лесна победа, а ако биде така тогаш велешани и официјално следната сезона ќе играат во Третата лига, односно во регион.

Башкими игра дома со Скопје и мора, ама баш мора да победи ако сака и натаму да биде во “игра“ за директен пласман во елитата.

ДВОЈКИ ЗА 27.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

Саса – Вардар (Н)

Новаци – Вардарски

Победа – Осогово

Башкими – Скопје

Охрид – Кожув

Беласица – Детонит

Арсими – Брегалница

Македонија ЃП – Борец

ТАБЕЛА

Македонија ЃП 57, Башкими 56, Арсими 55, Брегалница 52, Беласица 39, Охрид 39, Детонит 37, Скопје 34, Кожув 33, Саса 33, Победа 30, Вардар (Н) 30, Новаци 29, Осогово 22, Борец 13, Вардарски 11.

ПретходноМиленкоски го објави поширокиот список за настапот во Златната Европска Лига, има и двајца дебитанти!(ФОТО)
СледноСкандал во Србија: Претепан малолетен судија среде натпревар!